Ако случајно се соочиш со кражба во твојот дом, важно е да знаеш како да постапуваш и кои чекори да ги преземеш.
Најголемиот дел од нас ја занемарува можноста дека токму нашиот дом може да биде жртва на провална кражба и разбојништво, освен во моментите кога ќе чуеме за такво нешто кое се случило во нашата околина или на наши блиски луѓе и познаници. Сепак, тоа не значи дека провалните кражби се ретки и дека не се случуваат
Од таа причина, не е лошо да се имаат на ум следниве совети, во случај да се соочиш со провалена брава и отворена врата кога се враќаш дома (што, се надеваме, никогаш нема да се случи). Иако, во овој случај ќе ти надојде голема количина емоции – страв, паника, стрес, гнев, мошне е важно да реагираш рационално.
Моментот на соочување со провалената врата
Најпрво, не влегувај во домот, ако не си стопроцентно сигурен дека провалникот веќе го напуштил. Повикај веднаш полиција и не допирај ништо додека не дојдат полицајците, бидејќи постои можност да уништиш дел од доказите кои можат да бидат од голема помош за пронаоѓање на крадецот.
Евидентирање на причинетата штета
Откако полицијата ќе заврши со увидот, можеш полека да почнеш со евиденција на украдените и уништените работи. Направеи две листи – една за украдени и една за оштетени работи и достави примерок во полицијата.
Доколку твојот дом е осигурен, јави се во твојата компанија и пријави го случајот. Компанијата ќе испрати лице кое ќе изврши увид на штетата. Комплетната пријава ќе ја поднесеш во првата прилика во самата осигурителна компанија. Колку побрзо ја комплетираш пријавата толку побрзо ќе добиеш надомест за претрпената штета. Еден примерок од листите на украдени и оштетени ствари се доставува и во осигурителната компанија.
Справување со материјалните и емоционалните последици
Чистењето и доведувањето на домот во првобитната состојба е емоционално мошне стресен момент. Мало преуредување и освежување на домот со бојадисување може да ти помогне побрзо да го надминеш емоционалниот стрес од кражбата.
Подигнување на нивото на безбедност на домот
За да се чувствуваш сигурно, преземи мерки за поголема безбедност на твојот дом. Пред сѐ смени ги бравите. Размисли и за сериозен систем за безбедност – аларм, камера, посолидна влезна врата, како и за ангажирање на агенција за обезбедување.
Овие работи меѓу другото можат да ти донесат попуст на полисата за домаќинско осигурување во Винер, која е исто така одличен начин да се заштитиш од значителна финансиска штета како последица на провална кражба и разбојништво, но и од сите останати ризици кои му се закануваат на твојот дом.