Ова се неколку вистински приказни за неочекувани настани кои резултирале со голема материјална штета, но за среќа, лицата кои ја претрпеле загубата биле осигурени и на тој начин ги избегнале последиците од настанатата штета кои ќе биле далекусежни. Во нивната селекција ни помогна службата за штети на Винер Осигурување, а ние ќе ги пренесуваме во неколку дела.

Прв дел: Каско Осигурување 

 

Десетици илјади евра заглавени во поплавена гаража

За време на големите поплави во околината на Скопје изминатото лето во Винер стигнале  бројни пријави на штети за поплавени домови и автомобили, но можеби најголемата индивидуална штета која била пријавена се случила во гаражата на сопственикот на една позната домашна фирма во чија гаража останаа заглавени 2 скапи автомобили. Ненадејното количество на дожд за мошне кусо време го оневозможило пристапот до гаражата која започнала брзо да се полни со вода.

После неколку часа, кога невремето стивнало, сопственикот успеал да простапи до гаражата. За жал, се потврдиле неговите стравувања – водата во гаражата достигнала толку големо ниво што ги зафатила обата автомобила речиси над половината и навлегла насекаде, како во каросеријата, така и во електрониката и механичките делови. Тоа значело само едно – без комплетно менување на најголемиот дел од електрониката, и добар дел од останатите делови, возилата нема да бидат функционални. Средствата потребни за поправка од овој обем сигурно би се мереле во десетици илјади евра.

За среќа, обете возила биле осигурени во Винер со потполно Каско осигурување, па така, по пријавувањето на штетата, на терен излегла увидна екипа од компанијата за да ја евидентира штетата. Проценката покажала дека станува збор за „тоталка“ односно дека поправка на возилата е економски неисплатлива со оглед на тоа колку многу би чинела. Од страна на Винер целата процедура за решавање на штетата била завршена за неколку дена и средствата за надомест на штетата биле веднаш префрлени на сметка на сопственикот на возилата.

Во овој случај со поседувањето на Каско полиса, сопственикот на возилата се спасил од огромен материјален трошок, а згора на тоа речиси веднаш бил во можност со средствата од исплатената штета да планира обновување на сопствениот возен парк.

Штетата дојде од каде што никој не ја очекуваше

„Оваа зима напаѓа многу снег, најмногу во изминативе години. И додека речиси сите во мојата зграда бевме преокупирани со чистење на паркингот и пристапот до него, никој не се сети дека замрзнатиот снег на кровот од зградата исто така може да претставува голема опасност. Во тоа најдобро се уверив токму јас, кога едно утро го најдов покривот на мојот автомобил целосно вдлабен од огромно парче мраз кое паднало од кровот директно врз него.“ – вели Јасмина Г., клиентка со која не споија од Винер.

„Штета на автомобилот беше прилично голема и поправката ќе ме чинеше многу. Среќа во целата несреќа беше што тоа се случило преку ноќ кога движењето на луѓе е мало па не настрадал никој, но исто така и фактот дека мојата полиса од Винер го опфаќаше ризикот од ваков настан, па штетата беше брзо обработена а мојот автомобил поправен во овластениот сервис. Иако вадам Каско од самото купување на автомобилот, дури сега ја сфатив важноста на оваа полиса.“ – додава Јасмина, која ја истакна професионалноста на вработените во Винер, кои, како што вели, и влеале сигурност од првиот миг кога дошла да ја пријави штетата.

Кој ќе го поправи мојот автомобил ако јас предизвикам судар?

Ова е прашање на кое не обрнуваме воопшто внимане, сѐ додека не предизвикаме штета на друго возило во која ќе биде оштетено и нашето. Мало невнимание од страна на Маријан Т. од Битола во една ситуација било доволно да удри во автомобилот што застанал на семафорот пред него. Станувало збор за постар автомобил, со кука за влечење на задниот дел. Уште пред да излезе од возилото, Маријан забележал дека штетата на удрениот автомобил била незначителна, а и знаел дека полисата за автоодговорност од Винер ќе ја покрие на оштетениот наместо него.

Но, тој очекувал штетата и на неговиот автомобил да биде незначителна, меѓутоа она што го видел непријатно го изненадило. Куката на удреното возило го пробила ладилникот на неговото возило што резултирало штета која изгледала мала по обем, но била прилично голема од финансиски аспект – неколку илјади евра.

За среќа, бидејќи неговиот автомобил бил релативно нов, Маријан за него редовно вадел Каско полиса, па така неговата штета била брзо обработена во осигурителната компанија Винер и автомобилот бил веднаш однесен на поправка без Маријан да сноси никакви трошоци за неговата невнимателност која можела да го чини многу.

Се надеваме дека со овие примери ви ја приближивме важноста на пседувањето квалитетно осигурување. Доколку сакате да дознаете колку чини Каско полиса за Вашиот автомобил, тоа може да го дознаете на овој линк.