Резултатите од неодамнешно истражување направено во Канбера, кажува дека на возачите кои користат Autopilot им треба три пати повеќе време за реакција во непредвидена ситуација.
Истражувањето е дел од CAN Drive студија која за прв пат беше објавена на почетокот на оваа година. Тим од австралиски истражувачи сакаше да дознае колку точно се зголемува ризикот при користење автономни технологии – поточнo Autopilot системот на Tesla.
Првичните резултати се претставени на International Driverless Vehicle Summit (IDVS), а ги презентираше Mike Lenne, главниот истражувач за човечки фактори во Seeing Machines – и тој ја истакна разликата меѓу целосно-внимателен возач и возач кој се потпира на Autopilot системот.
За време на тестирањето, возачи седнале зад управувачот на Tesla Model S и ја минале првата половина од зададената рута со Autopilot системот вклучен, а втората половина со нивните раце на управувачот. Аларм се активирал на неодредено време додека биле во автомобилот, при што возачот требало да ескивира околу замислена препрека. Резулатите се интересни – и можеби малку обесхрабрувачки. Возачите кои имале раце на управувачот реагирале за време од 0.5 до 1.5 секунди, додека на оние кои користеле Autopilot им биле потребни до 3.5 секунди.
Ова сугерира дека возачите можеби малку премногу се опуштаат кога ги користат автономните системи. Нашето искуство со автономни системи кажува дека тие се навистина корисни и одредена доза на автоматизација е од навистина голема помош. Во секој случај, ваквите истражувања кажуваат дека потребно е дополнителна едукација и дополнителна обука во насока на користење на овие системи. Според Mike Lenne, веќе постојат планови за воведување на задолжителни системи кои ќе го следат возачот во рамките на ЕУ од 2020. Такви системи веќе постојат и се користат за препознавање на замор кај возачот.
Извор: carclub.mk