Дали знаете што представува „холандскиот фат“ и зошто е важен за возачите и за велосипедистите.

Кога прв пат ќе чуете дека Холанѓаните имаат сопствен, посебен начин на отворање на вратите од автомобилите при излегување од нив, вашата нормална реакција е да се прашате што би можело да е толку посебно во обичното отворање врата и каква корист од тоа. Но во земјата со најмногу велосипеди имаат мошне добра причина зошто го смислиле таканарачениот „Холандски фат“.

screen-shot-2016-10-07-at-2-17-02-pm

Во што се состои овој фат? Нормалното отворање на врата е со лева рака од проста причина што рачката е поблиску до таа рака, и за да ја отворите со десна ќе треба да го свртите цело тело за да отворите. Е, токму во тоа вртење е финтата на „холандскиот фат“. Вртењето ви дава преглед на движењето на останатите учесници во сообраќајот кои доаѓаат кон вашето паркирано возило и полесно ќе да процените дали отворањето на врата може да им го пресече патот. Ова можеби не е толку чест проблем во Македонија, но во Холандија, со сите тие велосипеди кои излегуваат од секаде и мошне често возат токму покрај паркираните автомобили, „холандскиот фат“ овозможува мошне поголема сигурност за нив.

Како изгледа ова во пракса, може да видите на видеото подолу.

Се надеваме дека следниот пат кога ќе излегувате од возилото на место каде сообраќајот е погуст, ќе се потсетите на холандскиот фат и ќе посегнете по рачката со десната рака. Ако ништо друго, велосипедистите ќе ви бидат благодарни за тоа.