Канцелариските вежби се покажаа одлични за одржување на телото во форма, барем во деновите кога не сте во можност да посетите фитнес центар. Затоа повторно во соработка со фитнес инструкторот Александар Смилков од Empire State Building Fitness Centre од Скопје ви советуваме неколку вежби за истегнување и зајакнување на телото кои можете да ги направите и на работното место.
Седнете на столче и свиткајте ги колената, потпирајќи ги рацете на страна. Потоа испружете ги нозете широко со петиците на подот и кренете ги рацете во V форма. Потоа, вратете ги и рацете и нозете во средина. Повторувајте неколку минути. Оваа вежба всушност го зголемува срцевиот ритам и ви дава аеробна корист, но важно е да се прави доволно долго – најмалку 10 минути.
Следнава вежба е одлична за оние кои имаат канцелариска работа и поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи. Седнете исправено и истегнете се ги рацете над главата, така што ќе го издолжите ‘рбетот. Алтернативно движете ги рацете како да се искачувате со јаже, кревајќи се нагоре. Ова е одлична вежба за ослободување од напнатост и за луѓето што имаат проблеми со грбот.
Седнете на работ на столот, со нозете свиткани во колената 90 степени и стапалата рамни на подот. Со рацете држете го столчето или потпирачот за раце, за поддршка. Потпрете се назад, чувајќи го ‘рбетот исправен. Подигнете ги двете нозе кон градите држејќи ги свиткани во колената. Потоа спуштете ги на подот. Повторете ја вежбата 30 пати.