За навистина добро полнење на батериите додека си на одмор, клучно е да не ги понесеш грижите со себе. Една од тие грижи многу често е сигурноста на домот што останува празен додека си отсутен.

Куферите се спакувани, картичката од апаратот тазе испразнета за нови слики, а шишето со ракија е тука бидејќи каде и да одиш нема ракија како твојата. Сите сте добро расположени, го напуштате досадното секојдневие и планирате во наредните недела-две да мекнеете на плажа без апсолутно ништо да не ви пречи во полнењето батерии. Е, ама за да биде тоа така, барем во поглед на секирации од типот „ја заборавив ли пеглата“, „заклучив ли пред да тргнеме“, “да не протече кај комшиите“, добро е да преземете одредени мерки.

За среќа, имате пријател кој направи чек-листа за вас.

  1. Не брзај да се чекираш и да ставиш слика од плажа на социјалните мрежи. Секој добар крадец на таа слика гледа 3 збора – СТАНОТ. Е. ПРАЗЕН. Знаеме дека искушението е големо и дека ако не ставиш слика како да не си бил на одмор, а башка и душманите ќе останат непукнати, НО!… Твојот пријател има решение и за ова. Секоја објава на Фејсбук има опции за приватност – кој може да ја гледа. Ако веќе немаш, направи група со сите оние кои ти се доволно блиски за да знаат дека сте на одмор и избери ја таа опција при споделувањето.
  2. Ако си купил тазе телевизор, лаптоп или друг скап уред, пред да тргнеш на одмор тргни ги кутиите кои ти стојат веќе 3 недели пред врата за да ги правиш комшиите љубоморни. Не им оставај „мени“ на крадците и не го прави твојот стан посакувана мета.
  3. Прстенот од баба ти, саатот на дедо ти за 30 години стаж, останатиот накит и скапоцености стави ги во сеф барем за време на патувањето. Цените на сефовите во банките се многу подостапни одошто мислиш, посебно по однос на заштитата што ја пружаат.
  4. Исклучување на електричните уреди, запирање на водоводната инсталација, вадење на сите продолжни од штеткерите – тоа е нешто што сите го правиме, но не е лошо да повикаш стручно лице (макар Миле комшијата од Кончар) да ги провери точките на потенцијален ризик и да ги санира. Ако мораш да го оставиш фрижидерот вклучен ради зимницата, осигурај се дека опасноста од било каков куршлуз е минимална – одлепи ја страната со моторот од ѕидот, провери го поврзувањето со струја, балансот, затварањето и сл. И дај фрли ја зимницата више.
  5. Има два типа на обезбедување на домот – „Само нека проба да влезе“ и лиценцирана компанија за обезбедување. Ако го имаш второво, информирај ги за отсуството за да посветат повеќе внимание. Ако го немаш, побарај понуда, или барем познат кој ќе ти позајми налепница за влезната врата додека си на одмор.
  6. Заклучување – три работи. Еден: Не оставај клучеви на места кои мислиш дека се скришни. Два: Сите мислиме на вратите, а ги запоставуваме прозорците и терасите. Ова посебно важи ако си на приземје или на ниските спратови. Три: клуч кај комшијата е секогаш сигурна варијанта – ем може да реагира во случај на проблем, ем чат пат ќе упали светло па ќе се стекне впечаток дека станот не е празен.
  7. Кога сме кај комшијата, замоли го да ја прибира поштата од време на време. Ништо не кажува подобро „абер немаат од прибирање“ од сандаче полно со пликоа и понуди за бела техника. Ќе треба да планираш некој подарок плус, ама тоа е тоа.
  8. За комплетна безгрижност – задолжително, полиса за осигурување на домот и покуќнината. Зошто да му ја мислиш ти кога може да му ја мисли осигурителната за само две-три илјадарки годишно. Јави се на 15 999 за најдоброто домаќинско осигурување на Винер кое доаѓа со подарок.

Слушнавме дека имало ефтини чоколатца на фри-шоп, па од таа причина ти спремивме и листа за печатење која ќе ти помогне да ги запазиш сите овие чекори! Клик овде, печати, штиклирај и летај на одмор!