Мувлата e ужас за сите домаќинства. Таа може да расте во вашиот дом а вие дури и да не го знаете тоа затоа што таа си бара мрачни, топли и влажни места за живеење. Подрумот, кујната и бањата се со најголем ризик за раст на мувла и бактерии, бидејќи тие се во постојан контакт со влага. Ако ја оставите, мувлата може да предизвика респираторни заболувања и да биде главен фактор за алергии во текот на целата година. Затоа е многу важно штом ја забележите во домот веднаш да ја отстраните.
За среќа, постојат неколку нетоксични начини за чистење мувла, со природни средства кои ви се достапни секојдневно.

Хидроген пероксид
Хидроген пероксид е анти-габично, антивирусно и анти-бактериско решение кое ефикасно уништува мувла врз најразлични материјали како што се кујнски уреди, санитарии во бања, подови и sидови.
За да се уништи мувлата истурете 3% раствор на хидроген пероксид во шише со спреј, потоа попрскајте ја мувлосаната површина и оставете да постои 10 минути. Потоа исчистете ја површината за да ги отстраните дамките од мувла.

Оцет
Оцетот е лесна киселина што може да убие 82% од видовите мувла. Најдобро е да користите бел дестилиран оцет кој ќе го истурите го во шише со спреј, без да го протресувате. Попрскајте на мувлосаната површина и оставете го да седи еден час. На крај, исчистете ја областа со вода и оставете да се исуши. Миризбата од оцет треба да исчезне во рок од неколку часа.
Често за отстранување мувла во комбинација со оцет се употребува и сода бикарбона.

Сода бикарбона
Содата бикарбона покрај тоа што ја уништува мувлата, истовремено ја апсорбира влагата и спречува повторно создавање на мувла. Освен тоа таа е безбедна за вашето семејство и миленичињата ако ги имате.
Наполнете спреј шише со вода и додадете една четвртина чажица сода бикарбона и протресете додека се раствори. Попрскајте ја загрозената површина, а потоа со четка за чистење извадете ја мувлата. Следно, исплакнете ја површината со вода за да ја отстраните случајно останатата мувла.
На крај, повторно испрскајте ја областа и оставете да се исуши. Ова не само што ќе ја уништи мувлата туку и ќе спречи нејзино повторно враќање на таа површина.
Сите овие решенија се одлични нетоксични алтернативи за чистење на мувла, безбедни се за употреба и за животната средина, а истовремено се и се ефтини и лесни за наоѓање во вашата локална продавница.