Префрлањето и прередувањето на облеката во плакарите не секому претставува задоволство. Особено кога станува збор за преминот од летна кон есенска и зимска гардероба. Ако имате мал гардеробер, тешко е на едно место да се смести облеката од сите годишни времиња, па многу често некои парчиња се збуткани и тешко достапни. Се обидовме да најдеме решение – водич за чување на сезонските алишта и транзиција на плакарот од лето кон есен/ зима.

  1. Извадете сè надвор. Сè! Направете филтрирање. Ако најдете облека што не сте ја носеле повеќе од две години, дајте ја некому или чувајте ја на место каде што нема да зазема многу простор.
  2. Од летната гардероба зачувајте костим за капење во случај да добиете желба да посетите базен или пак да отидете на некој краток викенд.
  3. Вообичаено е секој плакар да има два дела, закачалки и полици. Размислувајте практично. Што e најважно да ви биде лесно дофатливо? Чувајте ги палтата и јакните на закачалки, а фармерките здиплете ги во куп од најтемна до најсветла боја и ги ставете ги најдолу во плакарот, под закачалките.
  4. Џемперите и блузоните заземаат многу простор од должината и ширината на полиците. Ова сигурно ве тера да ги извадите на страна сите летни маички и облека и да ги складирате. Но, тие се добри да ги носите под зимската облека за да се направат слоеви, па најдовме решение за заштеда на простор. Комбинирајте ги при редење на полиците, потенките маици (или тенки пижами) до гломазен куп џемпери.
  5. Марамите и зимските шалови исто така се мистерија за некои луѓе, каде и како треба да се чуваат. Преклопете ги рамно, во просечна должина на едни со други и поставете ги зад две купа полесна облека (на пример маиците за “излегување” или летните маици).
  6. Чорапи, хулахопки, каиши и долна облека. Овие се „среќни“ парчиња, бидејќи едвај заземаат простор и можете само да ги наредите на задниот дел од полицата кога е се уште топло и да ги поместите напред заменувајќи ги со вашите костими за капење, на пример, кога ќе ви притребаат во поладните месеци .
  7. Да заклучиме: чувајте ги постојано во плакарот вашите летни маички, облеката за вежбање, „фенси“ парчињата, шаловите, лесните пижами, костим за капење и џемперчиња. Кога ќе дојде зима извадете ги подебелите палта и јакни и тргнете ја облеката за плажа. Се работи за организација. Без оглед на тоа колку е мал вашиот гардеробер, начинот на кој ги редите работите и мудро го користите секој сантиметар од просторот, ќе направи огромна разлика.