Пред земјотрес

 

Подгответе се со семејството:

    • Разговарајте за земјотреси со членовите на семејството и направете план со задолженија за cекој член од семејството. Дискусиите пред да се случи земјотрес, значително помагаат да
      се намали стравот, особенo кај помладите членови на семејството.
    • Одберете безбедни места во секоја просторија на домот. Безбедно место е под парче мебел или до потпорен ѕид во просторијата – далеку од прозорци, полици или друг висок мебел што може да падне врз Вас.
    • Еднаш во 6 месеци направете вежба на секое од одредените места и проверете ги евакуационите рути.
    • Чувајте батериска ламба блиску до креветите за спиење. Проверувајте ги батериите еднаш на 6 месеци.
    • Посетете обука за прва помош, заштита и самозаштита во случај на катастрофа.
    • Подгответе го домот за земјотрес
    • Осигурете го домот.

 

За време на земјотрес?

Не паничете.

Во затворени простории:

  • Клекнете, покријте се и чекајте!
  • Движете се колку е можно помалку – најголем дел од повредите за време на земјотреси се последици од падови, истегнувања и повреди на главата при движење за време на тресењето.
  • Обидете се да ги заштите главата и торзото.
  • Доколку сте во кревет, останете таму. Заземете фетусна положба и покријте ја главата.
  • Останете внатре додека не престане тресењето и не сте сигурни дека е безбедно да се излезе надвор.
  • Доколку почуcтвувате миризба на гас, веднаш напуштете ја градбата и оддалечете се колку е можно подалеку.
  • Во случај да мора да ја напуштите градбата по тресењето, не користете лифт, поради можност од афтершокови, прекин на снабдување со електрична енергија и сл.
  • Пред напуштање на градбата, добро проверете дали нема некои оштетувања од истата кои може да паднат врз вас и да ве повредат.
  • Доколку имате детектори за пожар или прскалки за гасење, знајте дека во случај на земјотрес истите е можно да се вклучат, дури и доколку нема пожар.

На отворен простор:

  • Обидете се да најдете место подалеку од згради, далноводи, дрва или канделабри.

Доколку сте во возило:

  • Запрете на чистинка. Доколку е можно, избегнувајте мостови, надвозници и далноводи.
  • Останете во возилото со врзани појаси додека не престане тресењето.
  • По завршувањето на тресењето, возете внимателно, избегнувајте мостови и надвозници.
  • Ако врз возилото падне кабел од далновод, не го напуштајте возилото и чекајте помош од спасувачките служби.
  • Доколку сте во планински предел, внимавајте на можни одрони или свлечишта.

 

По земјотрес

  • По земјотресот проверете дали имате некакви повреди и побарајте прва помош доколку е неопходно и внимавајте на можни опасности кои може да настанат (како посилни афтершокофи, свлечишта и пожари).