Се сеќавате ли на земјотресите од 2016? Или пак на Скопскиот од ’63? Со оглед на тоа што се наоѓаме на трусно подрачје, подготвеноста за таква катастрофа е и тоа како важна за сигурноста на семејството и домот.
Што се треба да направите за да се подготвите за таква непогода?
ПЛАНИРАЊЕ ЗА ЗЕМЈОТРЕС
- Запознајте се со плановите за подготвеност на општината за катастрофи и креирајте семеен план со маршрути за бегство, место за состаноци и место за контакт за комуникација со засегнатите роднини.
- Бидете сигурни дека сите возрасни и тинејџерски членови на семејството знаат каде се контролите за плин, електрична енергија и вода и како да се исклучат ако има течење или електрично напојување. Чувајте ги потребните алатки во близина.
- Обезбедете комплет за итни случаи.
ВО ДОМОТ
- Закачете ги бојлерите за ѕидови.
- Зацврстете ги библиотеките и комодите на ѕидовите.
- Ставете брави на фиоките и вратите на плакарите за да се спречи паѓање и растурање на предметите.
- Поставете бариери на полиците, зацврстете ги тешките и кршливи предмети. Ставете ги тешките предмети на долните полици.
- Компјутерите и малите апарати ставете ги на маси или бироа.
- Зацврстете ги таванските светла, и други висечки предмети како што се лустери или растенија на цврста структура (таван/ ѕидови).
- Не закачувајте големи фотографии, огледала, часовници и слични предмети блиску над креветот за да не паднат врз некој.
- Ставете заштитна фолија на прозорците и стаклени врати.
- Зацврстете ги големите апарати на ѕидови со користење безбедносни кабли или ремени. Блокирајте ги тркалцата на мебелот и тешки апарати ако поседувате такви.
Грижата за сѐ ова може да ја минимизира штетата на домаќинството во случај на земјотрес, но најдобриот совет што можеме да ви го дадеме за да ги избегнете материјалните трошоци после евентуалниот земјотрес е да си обезбедите Домаќинско Осигурување.
Затоа што само едно место е дом!