Одржувајте ги електричните кабли
Редовно проверувајте ја состојбата на електричните кабли и веднаш поправете ги или заменете ги оштетените. Електричните кабли можат да произведат топлина, затоа не ги ставајте под килимот или мебелот. Кога не ги користите, исклучете ги малите уреди вклучени во штекер, вклучително и полначите за телефон.
Користете ги продолжните кабли само привремено, бидејќи со постојана употреба можат брзо да се расипат.
Знајте каде се исклучоците
Знајте ги местата за исклучување на електрична енергија за сите комуналии, вклучително и плинските линии, прекинувачи, уреди и осигурувачи. Поставете јасни насоки за исклучување до секоја од нив.
Чувајте ги правилно запаливите производи
Многу средства за чистење на домаќинствата и козметички производи, како на пример крем за бричење и спреј за коса, се запаливи. Овие производи чувајте ги подалеку од топлина и сончева светлина. Ставете ги во ладен, темен шкаф и проверете дали сите членови на семејството знаат каде се.
Запаливи материјали како боја и бензин чувајте ги во оригиналните садови. Бензинот треба да се чува во контејнери дизајнирани за бензин. Ако садот има пукнатина пренесете ја содржината во нов сад направен од ист материјал како оригиналот.
Бидете внимателни со свеќи
Никогаш не оставајте свеќи без надзор и секогаш држете ги подалеку од запаливи предмети како ќебиња и завеси. Свеќите ставете ги во безбедни држачи и изгаснете ги пред да заминете или спиете. Ако мислите дека можеби ќе заборавите да ги изгасите, поставете тајмер на вашиот шпорет или телефон.
Бидете совесен пушач
Избегнувајте пушење во кревет или додека лежите на каучот, за да случајно не заспиете со запалена цигара. Кога пушите надвор, никогаш не оставајте пикавци на земја. Секогаш фрлајте ги испушените цигари во пепелници или други безбедни садови, без оглед дали пушите во или надвор од домот.
Затворете ги вратите во спалната соба
Куќните пожари се жират многу брзо кога нема бариери. Затворањето на вратите од спалните соби во текот на ноќта е нешто што може да создаде кратка противпожарна заштита , но и да ви „купи“ драгоцено време кое и тоа како ќе е потребно во случај на пожар.
Штетата предизвикана од пожар може да биде огромна. Запамтете и научете ги овие совети за да го минимизирате ризикот од пожар во вашиот дом. И не заборавајте да си извадите домаќинско осигурување за да го заштитите она што сте го создавале со години.