Секој од нас презема различни мерки за заштита на својот дом, а совети добиваме од сите страни. А, кој може да ви даде подобар совет од оној на другата страна: крадецот?!
Следуваат неколку споделени искуства и совети од поранешни крадци, како да го заштитите Вашиот дом, а со тоа и семејството од кражба:
1. Секогаш правете многу движења низ домот
„ Порано често ја надгледував куќата која планирав да ја ограбам. Ако немаше никакво движење, светлата изгасени, завесите непоместени – тогаш бев заинтересиран.
Исто така гледав дали куќата е во убаво маало. Ако e така- тогаш сигурно имаат убави работи внатре.
Следно прашање: дали има лесен пристап за бегање? Дрвата во дворот беа одлични за тоа.
И уште нешто: има ли некое прозорче скриено од погледи кое ќе можам да го скршам ако морам?
Сето ова го истражував 2 дена, па потоа напаѓав“ – вели поранешен крадец.
2. Чувајте куче
„Кога бев мал лесно можев да влезам низ гаража и да украдам многу вредни работи од куќите. Ако видам и отклучен автомобил – уште подобар плен.
Но кога ќе чуев лаеж на куче, веднаш бегав. Веднаш! “ – го кажува своето искуство уште еден крадец.
3. Бидете блиски со соседите
„ Најдобри за ограбување ми беа куќите за кои добивав информации дека сопствениците не се во добри односи со соседите. Возев низ маалото 3 пати дневно и набљудував како се однесуваат луѓето што живеат таму. Дали забележуваат дека непознат човек оди кон соседната куќа итн. Особено лесни за ограбување беа маалата каде што живеат постари луѓе“ – уште еден совет зошто се важни добрососедските односи.
4. Ставете знаци дека имате алармни уреди
„Запалено надворешно светло. Знаци во дворот за поседување алармен ситстем. Алармни стикери на прозорците. Куче што лае.
Ќе ја прескокнам таа куќа!“ – изјавува крадец.
5. Не објавувајте на социјалните медиуми дека сте на одмор или на некоја прослава
„Фотографиите од одмор или некоја прослава објавете ги кога ќе се вратите. Не можам да набројам колку куќи имам ограбено следејќи ги објавите на социјалните медиуми на нивните сопственици“- уште еден корисен совет од поранешен крадец.
Ова се само дел од споделените искуства на поранешни крадци. Послушајте ги и заштитете го вашиот дом и себе си. И не заборавајте, за да бидете безгрижни, осигурете го вашиот дом во Винер Осигурување.