Вашиот одмор е резервиран, ги спакувавте кремата за сончање и апостолките и сега сте подготвени за на плажа. Но, покрај пасошот и патните документи, постојат три важни броеви кои треба да ги знаете напамет, во случај да ви требаат кога сте далеку од дома.
1. Бројот на осигурителната куќа за медицинска помош во странство
Кога купувате патничко осигурување, осигурителната куќа ви дава телефонски број за итна медицинска помош. Овој број треба да го имате со вас цело време додека сте на пат. Вашето осигурување ви обезбедува 24 часовна медицинска помош преку овој број. Тие можат да ви помогнат да го добиете медицинскиот третман што итно ви треба, како и да одобрат лекување и да го потврдат вашето патничко осигурување на локалната болница.
Некои осигурителни компании имаат и посебни апликации за онлајн асистенција, како на пример Винер Осигурување, па затоа ви советуваме да извадите патничко осигурување оттаму и бесплатно да ја симнете апликацијата GSBHelp на вашиот мобилен телефон пред да патувате.
Не заборавајте го и бројотот на дежурниот центар +359 2 8197 197 во случај на потреба, каде и да сте.
2. 112 е бројот за итна медицинска помош во Европската Унија
Доколку патувате во која било земја во ЕУ, јавете се на 112 за да бидете поврзани со соодветната локална служба за итни случаи. 112 е бројот на службите за итна медицинска помош насекаде во ЕУ од телефон или мобилен телефон во која било земја-членка на ЕУ. Овој универзален број за контакт за итни случаи е креиран од Европската комисија за да им овозможи лесен пристап на луѓето што патуваат во рамките на Европската унија.
3. Бројот на најблиското дипломатско- конзуларно претставништво на Македонија
Во случај на итна ситуација во странство, третиот број што Македонските државјани треба да го знаат е бројот на најблиското дипломатско-конзуларно претставништво на Република Македонија што може да го побарате на мапата на следиов линк од Министерството за Надворешни работи. http://www.mfa.gov.mk/index.php?lang=mk#!/catid=-1;4;5;6
Чувајте ги овие броеви додека сте на одмор. Се надеваме дека никогаш нема да ви се потребни, но во случај да ви требаат, барем ќе бидете подготвени.