Подготовка за пат е стресна работа и често ќе се случи да заборавиш нешто важно. Колку темелно и да го планираш патувањето, секогаш и секому може да ти се случи да тргнеш од дома без нешто што ти е неопходно. Дел од тие неопходни работи, кога патуваш надвор од државата се патничко осигурување и зелен картон, без кој воопшто и не можеш да ја поминеш границата со твојот автомобил. Што можеш да направиш во ваков случај?
Најчесто кога тргнуваш на пат, на викенд или на одмор, тоа е после работното време или во неработен ден, односно во време кога осигурителните компании не се отворени. А бидејќи Зелениот картон можеш да го извадиш единствено во компанијата во која си ја извадил и полисата за регистрација на возилото (полиса за автоодговорност), тоа по автоматизам ги намалува твоите опции.
Доколку патуваш во период кога е нормално работно време, ситуацијата можеш да ја спасиш со застанување некој од попатните градови и вадење на полисата во експозитура на твојата компанија. Но, доколку патуваш за празник или во неработен ден, ситуацијата е малку покомплицирана. Во овој случај треба да се јавиш кај твојот осигурителен агент или во осигурителната компанија, доколку има дежурен контакт центар и да ги замолиш да организираат вадење на полисата во најблискиот град.
Кога станува збор за патничкото осигурување, примерок од истото може да ти биде испратен по електронски пат и покажување на таквата копија заедно со документи за идентификација во најголем дел од случаевите кога ти е потребна медицинска помош ќе биде валиден доказ дека поседуваш осигурување.
Но, кога во прашање е зелениот картон, него веќе мораш да го поседуваш физички, што значи дека во овој случај е клучно колку брзо можеш да дојдеш до него.
И во обете ситуации клучно е да имаш на располагање некој кој вон регуларното време може најбрзо и наједноставно да го организира целиот процес на вадење и достава на полисите кои ти се неопходни во моментот. За таа цел, Винер Осигурување формираше посебен Дежурен контакт центар, кој е достапен на бројот 078/66-66-46 и кој е на располагање по завршување на работното време, во неработни денови и за време на празници за сите клиенти кои имаат потреба за итно вадење на патничко осигурување и зелен картон. Дежурниот контакт центар може да организира преземање на полисите во повеќе градови во Македонија, со цел што побрзо да можеш да ја преземеш полисата и да продолжиш со патот.
Се надеваме дека овој податок ти беше од корист. За уште подобра подготовка и посигурен пат, ѕирни ги и нашите совети за подготовка на автомобилот за патување, за постапување во случај на сообраќајка во странство, но и за тоа кои мерки да ги преземеш за безбедност на твојот дом пред да тргнеш на пат.