Колку и да изгледаме блескаво и прекрасно со тен, прекумерната изложеност на сонце и штетните УВ зраци може да доведат до сериозни реперкусии, меѓу кои и рак на кожата.  Затоа е добро да се знае кои продукти што ги внесуваме преку исхраната може да помогнат во заштитата од изгореници, се разбира покрај користењето на лосион за сончање со заштитен фактор.

Јагоди
Во текот на летните месеци јадете многу бобинки богати со витамин Ц како што се јагоди, капини и киви, советуваат нутриционистите . Околу 100 гр. јагоди и 1,5 киви дневно е приближно она што ви треба.

Зелен чај
Според едно истражување, пиењето две шолји зелен чај дневно може да го намали ризикот од меланом. Но, со оглед на тоа дека кофеинот дехидрира, треба да го ограничите внесувањето на зелен чај и кафе и да пиете многу вода.

Овесна каша
Како старееме и се изложуваме на штетните УВ зраци, така клетките на кожата ја губат својата способност да се регенерираат. Антиоксидансите  кои ги содржи овесот може да помогнат  токму во тоа.

Краставица
Краставицата содржи претежно вода, која ѝ помага на кожата да остане хидрирана . Но, тоа не е единствената придобивка. Овој зеленчук исто така помага да се произведе колаген, кој е антиканцероген.

Домати
Доматите се полни со антиоксиданти и помагаат во заштита на кожата од штетното  УВ-зрачење. Витаминот Ц што тие го содржат исто така ја одржува хидратацијата.

Лубеница
Ова овошје работи исто како доматите. Богато е со антиоксиданти, кои го ограничуваат УВ-зрачењето на телото. Плус полни се со вода, затоа изедете три до четири парчиња на ден за да останете хидрирани во текот на топлите летни месеци.

Темнa чоколадa
Темнaтa чоколадa ја прави кожата помазна и штити од сончевото зрачење. Нутриционистите велат дека најдобро е чоколадото што содржи повеќе од 70% какао и советуваат да не земате повеќе од една чоколада неделно. Сепак можете „ случајно “ да ја пропуштите последнава информација .

Моркови
Бета-каротенот што го содржат морковите, телото ги претвора во витамин А, кој ја намалува реакцијата на изгореници при сончање.  Затоа потрудете се во летниот период и пред да се сончате да изедете барем еден морков.

Калинка
Калинката  е исклучително богата со антиоксиданти, елагична киселина и има антиинфламаторни агенси, кои ѝ помагаат на кожата да се спротивстави на оштетените клетки предизвикани од УВ зраците. Освен тоа калинката е добра во борбата против стареење.

 

Совет: Доколку сепак се случи да добиете изгореници од сонце, покрај стариот познат начин да се премачате со кисело млеко, исто така можете да ја испрскате кожата со бел оцет ( претходно разреден во вода). Ова треба брзо да ја смири кожата изгорена од сонце.