Проблемите со бојата на автомобилот можат да бидат многу фрустрирачки ако не може да се прецизира нивната причина. Затоа е добро да се знае како да се спречат, со цел да ја сочувате бојата и вашиот автомобил да изгледа прекрасно исто како кога го купивте.

Лупење
Бојата на автомобилот може да почне да се лупи ако се користат несоодветни бои при поправка или при изложеност на сонце. За да го спречите ова, секогаш паркирајте го возилото во гаража или под сенка, а доколку финишот на бојата е оштетен, веднаш поправете го.

Рѓа
Доколку има влага која влегува во оштетените делови на бојата на автомобилот, оксидацијата може да предизвика рѓа. За да се заштити автомобилот од ова треба често да се мие и да се поминува со восок, и да се паркира под сенка. Исто така, доколку треба да го поправате возилото, советуваме да одите во реномиран сервис за кој знаете дека користи квалитетна боја и восок.

Избледување
Како старее автомобилот така неговата боја може да почне да избледува. За ова вообичаено се виновни УВ зраците на сонцето, но фактор што придонесува за тоа е и загадувањето. Редовното перење и полирање на автомобилот е многу битно за да се спречи избледувањето, но исто така од витално значење е да се избегнува паркирање на сонце доколку е можно.

Гребнатини
Ситни предмети кои може да летнат по пат, гранките на дрвјата или отворената врата на автомобилот до вас на паркингот може да предизвикаат грди гребнатини на автомобилот. За да ги спречите, внимавајте при возењето низ тесни области и секогаш паркирајте на поголемо растојание од други возила.