Ова видео го снимивме за сите оние кои сметаат дека менувањето гума е работа која е претешка за нив и за сите оние кои знаат како да го направат тоа, но добро би им дошло мало потсетување. Секако, не е на одмет да го погледнат и оние кои сметаат дека доволно добро знаат бидејќи и на најдобрите им се случува понекогаш да заборават некој мал, но битен детаљ (како кревањето рачна пред да почнат со менувањето).

Се разбира, безбедноста е секогаш на прво место, па затоа уште една важна напомена. Ако не сте доволно сигурни дека можете да ја завршите работата како што треба, не се двоумете да побарате помош од стручно лице, или макар од некој со поголемо искуство од вас.