Со доаѓањето на зимата и зимските услови на патиштата, добро е да се потсетиме на неколку правила поврзани со подготовката на автомобилот, мерките на претпазливост и возењето во зимски услови. Мој пријател е тука да ти помогне, за да не те изненади снегот.
Општи мерки за подготовка на возилото за возење во зима
- Доколку не мораш да одиш со автомобилот, користење на алтернативен превоз (такси, автобус) во лоши временски услови е секогаш добра варијанта.
- Осигурај се дека возилото е во исправна состојба.
- Не го загревај возилото во затворен простор, како на пример гаража.
- Имањето соодветни гуми е мошне важно во зимски услови. Во случај да не си во можност да набавиш нови гуми, гледај посочуваните 2 да одат на тркалата на кои е погонот на возилото.
- Никогаш не останувај со недоволно гориво во зима. При евентуалното заглавување во снежно невреме, горивото ќе ти биде клучен ресурс.
- Провери го нивото на антифриз, обезбеди соодветна течност за стакла за зимски услови и провери дали бришачите се во исправна состојба.
- Добро запознај се со временската прогноза и со рутата ако одиш на подолг пат.
- Извести ги блиските за дестинацијата, времето на поаѓање и планираното време на пристигнување.
Совети за возење на снег
- На снег и мраз, за секој маневар е потребно подолго време, затоа планирај повеќе простор за кочење, вртење, вклучување, претекнување.
- Растојанието до возилото пред тебе треба да е 8 -10 секунди.
- Забрзувањето и кочењето мора да биде мошне внимателно и успорено.
- За забавување на возилото најдобро е да се користи моторно кочење и да се избегнува притискање на кочницата колку што е можно.
- Доколку кочиш, прави го тоа мошне полека, никако нагло или со силен притисок.
- Лесното додавање гас е најдобриот начин да се избегне излизгување и прошлајфување.
- Не додавај гас на нагорнини и места со натрупан снег, кал или мраз.
- Не застанувај на нагорнина, бидејќи поаѓањето од место на замрзата нагорнина е мошне тешко.
- На надолнините вози мошне споро, во ниска брзина и со моторно кочење.
- Користи ја климата за брзо одмаглување на стаклата.
- По потреба застани да ги исчистиш фаровите и стаклата.
Работи кои може да ти користат и е добро да ги имаш со себе
- Полнач за мобилен телефон за во кола
- Електрична ламба на батерии
- Кабли за палење
- Кабли за влечење
- Лопата за снег
- Дополнителна топла облека или кебиња и храна (за на подолг пат)
Совети доколку останеш заглавен во снежно невреме
- Aко заглавиш во снежно невреме остани со возилото. Во секој случај, тоа е најчесто најдоброто засолниште што ќе го имаш, а така и полесно ќе те најдат спасувачките екипи. Мошне е лесно да го загубиш од вид возилото ако се оддалечиш од него во снежна виулица.
- Ако автомобилот работи, осигурај се ауспухот да не биде прекриен со снег, мраз или кал. Блокираниот издув може да предизвика навлегување на токсичниот јаглерод-моноксид во автомобилот .
- Заврзи парче облека или платно со јака боја околу антената на колата или заглави го со прозорот. Во темница, можеш да ја оставиш упалена сијаличката која е на кровот од автомобилот, бидејќи не троши многу од акумулаторот. Овие две работи ќе помогнат полесно да бидеш лоциран.
- Вклучувај го моторот само онолку колку што е потребно да се ублажи неподносливиот студ. Биди мошне економичен со горивото.Во меѓувреме искористи се` што можеш да го заштитиш телото од студот – по потреба дури и весници или друга хартија и навлаки од седиштата.
- Не ги оставај бришачите во активна позиција, бидејќи може лесно да се залепат на шофершајбната и да се оштетат.
- Исправи ги гумите и под нив стави цврст материјал, за да може полесно да тргнеш кога патот ќе се расчисти
Бонус совет: Доколку ја извадиш твојата полиса за регистрација во Винер Осигурување во наредниот период, ќе добиеш корисен подарок кој ќе ти помогне во зима – спреј за одмрзнување на шофершајбната, гребалка или зимска течност за бришачите.