Маглата e една од најопасните временски услови, како за новите, така и за искусните возачи. Има потенцијал значително да ја намали видливоста и да го направи коловозот лизгав. Затоа, клучно е возачите да останат сконцентрирани на патот за да останат безбедни. Тешкото време бара зголемено внимание, затоа, намали ги сите можни одвраќања, за да го задржиш вниманието целосно на патот. Имај на ум дека понекогаш најдобрата одлука што можеш да ја направиш е да останеш надвор од сообраќај сè додека не се подобрат временските услови.
3 совети за возење во магла
- Брзина. Возењето со нормална брзина во магла може да биде многу опасно. Намали ја брзината за да имаш повеќе време да реагираш ако се појават ненадејни сопирања од возилата пред тебе или настанат други непредвидливи опасности. Кога видливоста е многу ограничена, пронајди безбедно место за паркирање подалеку од коловозот, вклучи ги трепкачите и почекај да се подобрат условите.
- Светла. Избегнувај употреба на долги светла. Маглата се состои од ситни капки вода што ја шират и ја рефлектираат светлината, а со тоа ја намалуваат видливост. Додека долгите светла не се корисни во маглата, запомни да ги вклучиш соборените светла и магленки за да им помогнеш на другите возачи да те видат.
- Остани фокусиран. Возењето во магла не е време за повеќе задачи. Исклучи го радиото, престани со разговорите со другите патници и внимавај на патот. Спушти го малку прозорецет за да ти помогне да го слушнеш сообраќајот на патот.