Подучени од минатото, свесни сме дека поплава може да се случи во неверојатно краток временски период како резултат на поројни дождови или откажување на брана или насип.

Како ваш пријател, ве советуваме што треба да имате на ум ако некогаш бидете изложени на ризик од доживување на поплава.

 

1. Бидете свесни за предупредувањата за времето.

Најдобар начин да се преживее поплава е да се знае однапред дека таа доаѓа. Ако сте свесни и предупредени, можете да преземете мерки на претпазливост како оние наведени подолу. Најдобро е да стигнете до висока површина и да чекате опасноста да се повлече.

 

2. Бидете свесни за околината.

Проверете и имајте ги на ум водотеците и држете се настрана од нив. Знајте каде да  најдете висока површина. Поплавите обично се појавуваат на патишта поради прелевање на реки или потоци.

 

3. Не се обидувајте да возите низ поплавата.

Иако таа може да изгледа поплитко и помирно отколку што навистина е,  сепак може одеднаш да ја преземе контролата врз вас или вашето возило и да ве придвижи во струјата.

 

4. Ако вашето возило е заглавено во поплава, ВЕДНАШ напуштете го.

Не чекајте премногу долго за да излезете, бидејќи ќе биде невозможно да ја отворите вратата поради разликата во притисокот меѓу внатрешноста и надворешноста на вашиот автомобил. Ако веќе сте во таа состојба и не можете да ја отворите вратата, веднаш спуштете го прозорецот и излезете. Ако не можете ниту тоа да го сторите, почекајте додека автомобилот почне да се полни со вода, а потоа отворете ја вратата бидејќи полесно е да се отвори кога има ист притисок внатре и надвор. Ова може да потрае затоа бидете свесни дека можеби ќе треба да почекате подолго време. Не паничете, и сторете сé што можете за да го зачувате кислородот.

 

5. Возете по најбезбедниот пат.

Доколку успеете да ги избегнете поплавените подрачја и веќе се враќате дома, одберете го најбезбедниот пат. Ако вашиот дом е поплавен, не влегувајте внатре бидејќи постои опасност поради електрично напојување. Исто така, бидете посебно внимателни при користење на електричната енергија во вашиот дом и после невремето.

И на крај, не заборавајте да исчистите и дезинфицирате сѐ што станало  влажно и калливо за време на поплавата со цел да избегнете понатамошни загадувања или опасности по здравјето.