Со сè почестото користење на авионите како превозно средство, кражбите на аеродромите стануваат главен проблем за патниците. Ова најчесто се случува кога се брзате да поминете низ царинска контрола и безбедносниот пункт, кога во некои случаи сте принудени да ги собуете чевлите за да поминете низ машините за скенирање, па може да заборавите на мобилниот телефон, таблетот или лаптопот, што е совршена цел за крадците.
Еве неколку начини како да се заштитите и да се подготвите пред дури и да стигнете на аеродромот:
Консолидирајте ги работите пред да пoминете преку контролниот пункт
Пред да стигнете пред контролната лента, консолидирајте ги сите предмети. Некои таблети и слични електронски уреди можат да одат во рачниот багаж, додека помалите работи (како на пример пари, авиобилет, па дури и мобилните телефони) може да ги ставите во џебовите од јакната или палтото. Лаптопот секогаш треба да биде изваден надвор од рачниот багаж или торбата .
Не поминувајте низ контролниот пункт пред вашите торби
Со оглед на тоа што на аеродромот сè се случува набрзина и речиси сите се во брзање, може да се почувствувате под притисок, па да го пуштите вашиот багаж да помине на контролната лента додека ги соблекувате јакната или чевлите. Но, секој момент кога вашите очи не се вперени кон багажот е уште една можност за кражба.
Затоа кога минувате низ контролниот пункт, не заборавајте да ги гледате работите што влегуваат во рентген-машината и внимавајте на тие предмети додека поминуваат на другата страна. Покрај тоа, не дозволувајте други патници да одат пред вас кога вашите предмети треба да влезат во рентген машината. Крадците може намерно да го активираат металниот детектор, со што ќе се создаде гужва и застој, а веќе друг крадец во тие моменти може да ја украде вашата торба и истата да ја снема додека вие поминете низ скенерот.
Попис по минувањето низ контролниот пункт
Пред да ги ставите чевлите и ременот повторно, осигурајте се дека имате сè што сте ставиле да помине низ рентген машината. Со овој витален чекор ќе бидете сигурни дека не сте жртва на кражба на аеродромот. Ако нешто недостасува, веднаш пријавете ја загубата до надлежните органи и аеродромската полиција бидејќи тие можат да помогнат во пронаоѓањето на предметите и да го запрат крадецот.
Извадете си патничко осигурување
Патничкото осигурување е круцијално кога патувате надвор од државата. Не само што ве штити од трошоци за евентуална неопходна медицинска помош, туку со него го осигурувате и вашиот багаж од кражба кога сте во странство.