Кога неколку часа се возите во автомобил со

мали деца, брзо ќе сфатите дека:

 

 

  1. Автомобилот ќе биде неуреден
  2. “Стигнавме ли?” не е нешто што го велат само децата на телевизија
  3. Албумите од „Златно Славејче“ и „Поточиња“ ќе ги слушате толку многу пати, што ќе ги научите сите песнички напамет, па кога ќе бидете сами може и да си ги потпевнувате.

За среќа, имаме неколку корисни трикови за да ви помогнеме да уживате во следното семејно патување. Спремете се – време е да се тргне на пат!

  • Обложете ги држачите за чаши со хартиени корпи за мафини; така чистењето на лепливи материи ќе биде малку полесно.
  • Употребете послужавник како подлога за играње и со дуплофан залепете го за држачите на седиштето за деца.
  • Пакувајте во корпи за алишта, така полесно ќе видите што ви е потребно за анимирање на децата.
  • Направете организатор за задното седиштe – употребете висечки организатор за складирање за да ги ставите играчките и грицките во него.
  • Направете држач за таблет – ставете го таблетот во зип ќесичка, па ставете ја ќесичката преку седиштето свртена кон децата.
  • Бидете подготвени за Прва Помош – чувајте ја кутијата за Прва Помош во преградата за ракавици.
  • Давајте им една по една играчка на децата во текот на патувањето. Така постојано ќе бидат анимирани со нешто ново.
  • Распејте се!
    МојПријател не ги поседува авторските права на видеото