Многу често си го поставуваме ова прашање, па затоа решивме да истражиме: дали е поефикасно возењето со отворени прозорци и исклучена клима или со затворени прозорци и вклучена клима во автомобилот.
Тестирањето на ефектот на двата метода (прозорци надолу, клима исклучена наспроти прозорци нагоре и клима вклучена) е направено и дебатирано од повеќе организации. Една од водечките групи, Друштвото на автомобилски инженери, спроведе голем број на тестови за ефектите од клима наспроти спуштени прозорци на автомобилите.
ДАИ откри дека возењето со вклучена клима во автомобил ја намалува извозената километража за 5 до 10%. Универзитетот Стенфорд и ДАИ препорачуваат да возите со отворени прозорци ако патувате по градските улици. Меѓутоа, кога сте на отворен пат или автопат, влечењето произведено од отворените прозорци ја намалува ефикасноста отколку кога тие се затворени а климата вклучена. Затоа двете организации препорачуваат да ја користите климата на автомобилот кога возите со брзина над 50 km/h.
Имајќи го предвид ова, веројатно е најдобро да возите во раните утрински часови или подоцна навечер кога е можно затоа што ова време денот (најчесто) е поладен.
Возењето со исклучена клима и затворени прозорци е најефикасен и најштедлив начин за возење автомобил.