1. Сменете пари откако ќе пристигнете на саканата дестинација, не во домашните менувачници или на аеродром. Аеродромите и банките често наплаќаат високи провизии за размена на пари, па ќе добиете подобар курс ако почекате и промените пари штом сте во Југоисточна Азија. Сепак, знајте дека тамошните хотели во обично нудат лош курс, затоа придржувајте се до банки или други менувачници.  Бидете сигурни да промените повеќе пари, бидејќи уличните продавачи, таксистите и помалите ресторани можеби не примаат кредитни картички.
  2. Внимавајте на царинските регулативи во секоја држава што планирате да ја посетите. Некои земји ја регулираат количината на тутун и алкохол што се внесува во државата, па подобро е да бидете на сигурно дека нема да ве претресуваат или пак да плаќате казни за неколку цигари што би ги имале одвишок.
  3. Избегнете „презаситеност од храмови“. Ова се случува кога ќе видите толку многу украсни, чудесни храмови што одеднаш сите почнуваат да изгледаат исти, па ќе изгубите интерес да посетите некој друг, кога и да е повторно. За да го избегнете ова, закажете екскурзии што не се ориентирани кон храмови, или едноставно одморете еден ден (или два) за да ги опуштите и одморите очите. По мало визуелно рестартирање, повторно ќе почете да го цените овој регион на светот што има повеќе прекрасни храмови отколку што можете да замислите.
  4. Извадете си патничко осигурување! Патувањето во земјите на Југоисточна Азија е полно со авантури како на пример јадење на улична локална храна, нуркање, изнајмување на скутер итн. Затоа е подобро да ја имате заштитата од трошоци за медицинска помош што ви ја нуди патничкото осигурување. Освен покритие за здравствени проблеми, со полисата за патничко осигурување се осигурувате и од ризици за изгубен, украден или задоцнето пристигнување на багажот.
  5. Не плашете се да се „ценкате“. Апсолутно ова треба да го правите со локалните продавачи на улица, со насмевка на лицето, затоа што е културна норма во земјите од Југоисточна Азија, а истовремено и забавно.
  6. Бидете одговорен и етички турист во Југоисточна Азија. Додека го истражувате регионот, апсолутно разгледајте ги часовите за готвење, курсевите за нуркање, јога часовите, посетите на локално село, истражување на џунглите,  но пред да ја платите екскурзијата проверете дали вашите пари ќе бидат искористени за општествено одговорни цели.

Сега кога сте вооружени со многу корисни информации, ви посакуваме среќно планирање – и прекрасно прво патување во Југоисточна Азија!