Дали чувствувате болка во вратот кога долго време седите на работната маса? Истражувачите докажаа дека долгите часови на непрекинато седење можат да доведат до голем број здравствени компликации.
Седењето подолго од осум часа може да доведе до постурални и други здравствени проблеми како што се: кардиоваскуларни компликации, ризикот од дијабетес, ризик од дегенерација на мускулите, отоци на нозете, зголемен стрес, слабости во структурата на ‘рбетниот столб вклучувајќи оштетување на дискот, нефлексибилен ‘рбет, затегнат врат, болки во рамената и грбот.
За да ги избегнете овие проблеми обидете се да седите во исправена положба без да се свиткате напред, да се раздвижувате на секој час и да ги следите овие едноставни совети:
1. Практикувајте јога наутро или навечер.
2. Направете кратки паузи од вашето работно столче и раздвижете се малку. Ова ќе ја подобри циркулацијата на крвта во организмот.
3. Истегнете ги нозете и рацете секој час во канцеларија. Кога сте дома, истегнете ги на страна флексорите на колковите, секоја вечер / утро по пет минути.
4. Додека седите, проверете дали седите во исправена положба без да се свиткате. Осигурете се дека грбот ви е опуштен и одморен поставувајќи ги стапалата рамни на подот.
5. Направете вежба за вратот: Седнете исправено и свиткајте ја главата полека на едната страна, доближувајќи го увото кон рамото. Бидете сигурни дека го чувствувате истегнувањето. Правете го ова пет минути дневно.