Уште од прастари времиња, моќта на виното е препознаена како исклучителен дар од природата. Денес, грозјето, семките од грозје и виното се најжешките трендови во растечката глобална спа индустрија и стануваат неизоставен дел од огромната туристичка понуда. Винотерапијата (винската терапија) и винското спа само ја потврдуваат тезата дека „виното не е само добро за пиење, туку е добро и за вашите пори и за целото тело“.

Овој оригинален (и во регионов единствен) вид на терапија кој се применува во Гарден Спа бутик хотелот во Скопје, е продолжување на вековното наследство и традицијата на почит кон лозарството и културата кон виното, која во овој регион постои повеќе од 4,000 години. Македонија и Македонците со својата етнокултурна посебност имаат голема и пионерска улога во историјата на лозарството и винарство на Медитеранот и во Европа.

Лозата и грозјето, како и виното, се одамна прочуени по своите освежувачки и подмладувачки дејства со нивна консумација,  но и употреба на кожата. Винската терапија е дел од животот и релаксацијата на многу кралски семејства и благородници кои ја употребуваат за добро здравје и кожа.

  • Винската терапија која ја нудиме користи разни масти и екстракти од лоза, органско грозје (без хемикалии) и семки, како масажни масла кои придонесуваат за ваша релаксација, но и долготрајни ефекти на вашето здравје и кожа. Грозјените полифеноли, кои се дел од нашата масажа, се едни од најмоќните растителни анти-оксиданти, кои ја чистат и заштитуваат вашата кожа. Лозниот ресвератрол има многу својства за анти-стареење, кои ја намалуваат деградацијата на клетките и ја зголемуваат цврстината и затегнатоста на кожата. Други екстракти, како виниферин, вода од грозје, и винолевури, ги зголемуваат заштитувачките својства на кожата против темни дамки, и се богати со калиум и калциум. – вели Александра Георгиевска, велнес и Спа Менаџер во Гарден Спа.

Eксклузивната винска терапија е достапна само во три држави во Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Нашата земја е позната по својата богата винска традиција, датирајќи векови во минатото, а народот продолжува со својот афинитет и посветеност во одгледување вински насади и грозје, и производство на вино.