Лисјата на дрвјата се паднати, јакните се извадени од плакар, наутро стаклата на автомобилот се замаглени… Сите знаци се тука дека време e да се сменат пневматиците на автомобилот.
Иако законската обврска е пневматиците да бидат сменети на 15 ноември, прочитај зошто е подобро тоа да го сториш порано.

Помалку чекање
Секако дека е идеално да закажеш промена на пневматиците со едно кликање на прстите, но, за жал, тоа може да биде малку покомплицирано штом почне навалицата за промена на пневматици. Почесто од очекувањата, нема да најдеш слободен термин за промена на пневматиците, за на крај да мора да прифатиш термин што не ти одговара.
Зошто да чекаш? Иако законот остава простор да се заменат пневматиците до 15 ноември, никаде не пишува дека мора да се чека до последен момент. Закажи си термин што најмногу ти одговара согласно твојот распоред.

Поголем избор
Доколку на твојот автомобил му е потребен нов сет пневматици, сигурно нема да сакаш да пазариш од она што останало, особено бидејќи твојата безбедност е во прашање.
Пред ударната навалица за промена на пневматици, изборот е поголем и нема да мора да правиѓ компромис со перформансите или цената, како и да купувиш „остатоци“.

Без изненадувања
Времето си има свој распоред. Може да почне да паѓа снег во февруари, може воопшто да не падно, но почетокот на ноември знае да си приреди свои изненадувања. Температурите може нагло да паднат, особено наутро и навечер. Најдобра опција да не бидеш изненаден е пневматиците да ги замениш со почетокот на есента.
За разлика од летните пневматици, кои се стврднуваат на температури под 7 °C, зимските поседуваат гумена облога со подобрено припивање на патот што го намалува сопирањето и до 25%. Ова значи дека возните перформанси на твоето возило нема да се намалат со падот на температурите.

Не заборавај да ги провериш акумулаторот, сопирачките, како и сите течности и филтри на автомобилот.
Повеќе совети за подготовка на автомобилот за возење во зима, може да најдеш тука

Ти посакуваме безгрижно возење оваа зима.